македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Општествена ОдговорностСпонзорства и донации 2011
Во рамки на манифестацијата „Различни, а еднакви“, ТТК Банка доби признание за долгогодишна поддршка во социјалното вклучување на лицата со посебни потреби во општеството.
Во периодот од 7 до 11.12.2011 се одржа традиционалната манифестација “Турнир во мал фудбал на медиумите во Македонија” во организација на Спортско радио.
Започна вториот по ред интернационален фестивал за гитара “Tremolo – P.S. Guitar Fest” во организација на Детскиот културен центар “Карпош”. Во Културно-информативниот центар КИЦ во Скопје, од 2-ри до 5-ти декември 2011, ќе бидат одржани неколку солистички концерти на гитаристите учесници на фестивалот, за коишто влезот ќе биде бесплатен.
На 23-ти ноември 2011 год. се одржа Државен натпревар во претприемаштво за средношколци на возраст од 15 до 18 години од 20 училишта од Македонија. Настанот е во рамките на проектот „Вештини за вработување“ (Skills for employability) во организација на Британскиот совет, на кој оваа година партнер од бизнис-заедницата беше ТТК Банка.
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија на Р. Македонија, денеска свечено одликуваше единаесет македонски компании за спроведување општествено одговорни практики.
На 10. октомври 2011 година, караванот за презентација на општествената одговорност на претпријатијата беше во Тетово.
За прв пат во Македонија се организира Start up викенд, викенд полн со претприемачки идеи и можности за реализација на креативни и уникатни идеи од страна на учесниците. Настанот ќе се одржи од 24-ти до 26-ти јуни 2011 год. во Скопје, во организација на ПСМ Фондацијата а по лиценца на непрофитната организација Startup Weekend од Сиетел, Вашингтон.
На спортскиот аеродром кој се наоѓа во близина на битолското село Логоварди се одржа 4-тиот по ред меѓународен аеромитинг „Битола 2011“. Единствената манифестација на Балканот од овој тип се одржа со помош на несебичната поддршка на ТТК Банка.
Во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ТТК Банка и оваа година ја дава својата поддршка на една од најзначајните културни манифестации во Македонија, фестивалот “Охридско лето 2011”. Свеченото отворање на 51 издание на оваа манифестацијата, се одржа на 12.07.2011 со спектакуларниот мултимедијален проект, делото „Трилогија Романа“.
Започна четвртата „Глобална недела на претприемаштво 2011“ во организација на ПСМ Фондацијата и поддршка на претприемачите во земјата. Во насока на поддршка на оние кои имаат верба и храброст да го остварат својот сон како и долгогодишната успешна соработка на ТТК Банка со ПСМ Фондацијата, за време на свеченото отворање на настанот, ТТК Банка беше одликувана со Благодарница за повеќегодишен придонес во организирањето Глобална недела на претприемаштво.
На 29-ти мај 2011 год (недела) традиционално ќе се одржи 30 години од манифестацијата „Титов Врв 2011“, искачување на највисокиот врв на Шар Планина, во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово и поддршка од генералниот спонзор ТТК Банка АД Скопје. Манифестацијата е дел од прославата по повод Денот на Европа, организирана од Канцеларијата на ЕУ во Р. Македонија.


 

Нова локација на експозитурата на ТТК Банка во Кичево
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување