македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Ненаменски потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,50% во првата година и 7,90% прилагодлива годишна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата (намален надоместок за одобрување до 30.6.2017 година)

Потрошувачките кредити нудат атрактивни услови, каматни стапки и провизии, кои ќе ви овозможат остварување на она што го посакувате за вас и за вашето семејство. За приматели на плата преку ТТК Банка нудиме пониска каматна стапка и провизија за одобрување во рамките на Премиум СМАРТ пакетот.

·          НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка за првата година

·          БЕЗ ЖИРАНТИ до 600.000 денари, во зависност од висината на месечните примања

·          МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот

 

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·  Физички лица кои се вработени во нотарска/извршителска/адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат);

·  Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Критериуми

·  Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

· За Премиум СМАРТ месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·  Во кредитот не може да се вклучат кокредитобаратели;

·  За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот;

·  Минималните месечни примања на кредитобарателот и жирантите не смее да бидат под 9.000 денари при аплицирање за кредитниот производ;

·  Максималната старост на кредитобарателот и жирантите не смее да биде поголема од 70 години старост при доспевање на последниот ануитет од кредитот.

Износ

·  Максимален износ 900.000 денари

Валута

·  МКД

Начин на отплата

·  Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот;

·  Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·  12 - 84 месеци

Каматна стапка

·  За кредит до 1 година: 7,00% прилагодлива годишна каматна стапка за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (наменет за: 1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физички лица  кои се вработени во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка);

·  5,50% годишна фиксна каматна стапка во првата година;

  7,90% прилагодлива годишна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата, за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (наменет за: 1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физички лица  кои се вработени во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка;

· 5,90% годишна фиксна каматна стапка во првата година; 8,90% прилагодлива годишна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата за кредитокорисници кои примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка (I категорија);

·  11,25% прилагодлива годишна каматна стапка за кредитокорисници кои не примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка ( II категорија)

·   За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·  Казнена каматна стапка од 11,75% прилагодлива годишна каматна стапка (законска казнена) за достасани, а не подмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·  Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода

Надоместоци

 

·  500 денари за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката, надоместок за обработка на барање за кредит за физички лица;

·  При исплата на кредитот:

     ·  2,8% од износот или мин. 2.000 денари;

     ·  2,5% од износот или мин. 2.000 денари (за корисници на Премиум СМАРТ пакет)

*намален надоместок за одобрување 0,50% мин. 2.000 денари за поднесени апликации во промотивен период од 1.4.2017 година до 30.6.2017 година за корисници на ПРЕМИУМ Смарт Пакетот и корисници I категорија);  

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот) максимум 5.000 денари;

·  Без провизија за предвремена делумна отплата;

·  Без провизија за предвремена целосна отплата;

·  Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативини трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·   трошоци за меница.

СВТ

·  Преглед на СВТ

Обезбедување

 

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>20.000 денари

Без жиранти

До 400.000 денари

1 (еден) жирант

Од 400.001 денар до 550.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 450.001 денар

>15.000 ≤ 20.000 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден) жирант

Од 300.001 денар до 400.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 400.001 денар

≤15.000 денари

Без жиранти

До 200.000 денари

1 (еден) жирант

Од 200.001 денар до 250.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 250.001 денар

За корисници на Премиум СМАРТ:

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>25.000 денари

1 (еден) жирант

 Од 600.001 денар до максималниот износ

>18.000 денари

Без жиранти

До 600.000 денари

>12.500 ≤ 18.000 денари

Без жиранти

До 450.000 денари

1 (еден) жирант

Од 450.001 денар до 600.000 денари

≤12.500 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден) жирант

Од 300.001 денар до 600.000 денари

 

·  Еден/двајца жиранти;

·  Административна забрана на плата од фирмата во која работат кредитобарателот и жирантот/ите  и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие/нотарска/извршителска/адвокатска канцеларија ја издава);

·  Меница со менична изјава потпишана од  кредитобарателот и жирантот/ите.

 

Меница во форма на нотарски акт

За категорија на корисници Премиум СМАРТ, при секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

За I и II категорија на корисници, при секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 400.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Потребни документи

·  Апликација за кредит;

·  Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите;

· Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите;

· за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци;

· Фотокопија од последна платена сметка за струја за кредитобарателот;

· За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ).

Документи за наплата

·  Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата/пензија (од ПИОМ).

Исплата

·  На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки Премиум СМАРТ кредит (приматели на плата/пензија преку ТТК Банка)

Износ

150.000 денари

Рок на отплата

60 месеци

Износ на ануитет

2.893 денари во првата година; 3.066 денари за останатиот период

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

5,50% фиксна к.с. во првата година од отплатата;

8,90% прилагодлива годишна к.с. за останатиот период.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

8,09%

Вкупен износ за плаќање

184.823 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

150.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

31.879 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата)

Надомест за одобрување на кредитот

   2.000 денари (0,50% мин.2.000 денари намален надоместок во промотивен период до 30.6.2017 година).

Надомест за администрирање на кредитот

 944 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за меница

200 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

15.3.2017 година

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 15.5.2017 година.


 

Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување