Нов шалтер во Штип
Со цел приближување на услугите до крајните корисници, кои се во фокусот на работењето на ТТК Банка АД Скопје, на 18.02.2014 година започна со работа новиот шалтер во Штип.
Корисниците ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга во делот на платниот промет во земјата и во странство, како и менувачко работење.
Шалтерот е лоциран на атрактивна локација, на ул.”Гоце Делчев” бр.58 – Штип, со работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.
На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 7 филијали, 22 експозитури и 2 шалтери.
*18.2.2014 |