македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Соопштенија за јавностСоопштенија за јавност 2014
Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање.
ТТК Банка АД Скопје ве известува дека почнувајќи од 01.12.2014 година ќе се извршат промени на одредени надоместоци за физички лица
По повод Денот на штедењето 31-ви октомври, во експозитурите и во филијалите на ТТК Банка низ Р. Македонија се организираа едукативни средби преку посети на повеќе установи за згрижување и за едукација на децата. Вработените на банката преку дружба и едукативни игри со најмладите имаа можност да им ја објаснат важноста и придобивките од штедењето.
По повод Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври, Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија одржа свечена седница во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Ве известуваме дека од 03.11.2014 година, експозитурата на ТТК Банка АД Скопје во Кавадарци ќе работи на нова локација со адреса „Илинденска“ бр. 11, Кавадарци, со редовното работно време од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок, односно од 09.00 до 13.00 часот во сабота.
Во продолжение може да ја преземете документацијата во врска со јавната понуда за продажба-отуѓување на сопствени акции на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка денес отвори нова експозитура во Скопје, во населбата Карпош 3, како петта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.
Водејќи се од пријатното искуство и одличниот прием од најмладите, ТТК Банка во улога на општествено одговорна компанија реши и оваа година да го поддржи проектот за „Социјална и етничка интеграција преку спортот", популарно наречен „Спортски бонтон". Проектот има за цел социјална и етничка интеграција на младите преку спортот во Република Македонија.
Ве информираме дека во согласност со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, барањата ќе ги поднесувате во општинските центри за социјални работи. Барањето за отпишување на долг ќе можете да го поднесете по објавување оглас во (3) три дневни весници, од страна на Министерството за финасии на Р.М., и тоа во текот на месец септември.
ТТК Банка отвори нов шалтер во полошкиот регион, во oпштината Брвеница, како четврта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.
Во организација на планинарскиот клуб “Љуботен”, на 24-ти и 25-ти мај, се одржа традиционалното 33-то искачување на највисокиот врв на Шар Планина – “Титов Врв 2014”.
Со цел поттикнување добри навики кај најмладата популација, ТТК Банка со задоволство го поддржува проектот именуван како „Рана љубов кон книгата: читаме заедно“. Проектот со хуман и социјален карактер е со основна цел за создавање еднакви можности за сите граѓани на заедницата без разлика на различностите.
Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање.
Денес, ТТК Банка отвори нова експозитура во општина Кривогаштани, a со цел приближување на производите и услугите до крајните корисници на подрачјето на пелагониската крстосница, која ги поврзува блиските градови Прилеп, Крушево, Битола, Демир Хисар.
На ден 14.03.2014 година, ТТК Банка, во знак на поддршка на лицата со интелектуална попреченост, донираше средство за работа - персонален компјутер на Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост “ПОРАКА НАША” од Куманово.
ТТК Банка во соработка со театарот "Буден театар" обезбеди бесплатна изведба на куклената претстава “Палечка малечка” за децата од СОС Детското село. Станува збор за интерактивна детска куклена претстава, која предизвикува огромно внимание, во режија на Милиана Ленак, а по мотиви од Палечка на Х.К.Андерсен.
Со цел приближување на услугите до крајните корисници, кои се во фокусот на работењето на ТТК Банка АД Скопје, на 18.02.2014 година започна со работа новиот шалтер во Штип.
Во согласност со намалувањето на висината на референтната каматна стапка на НБРМ од 01.01.2014 година, Банката изврши соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за физички лица.


 

Оглас за вработување - Референт на благајна во експозитура Кочани
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
Известување за шалтер Штип ПСС Штип
Известување за летно работно време – од 1.7.2017 година до 31.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување