Diners деловна картичка
Избери ја Diners Club TTK картичката и искористи ги поволностите што ги нуди ТТК Банка:
- Едноставен и лесен начин да аплицирате; - Плаќање на членарина на рати; - Рок на враќање без камата: 8 дена од датумот на фактурирање; - Поголема сигурност и намален ризик од користење на готовина; - Практичност - ја намалувате потребата од чекање по шалтерите на банките; - 24-часовен пристап до Вашите пари; - Можност да плаќате стоки/услуги и да подигате готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата.
Целна група
Државјани на Република Македонија, деловно способни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос во компании и институции прифатливи за Банката.
Можности
· Плаќање во земјата без провизија;
· Подигање готовина во банки и на АТМ уреди;
· Рок на намирување на долгот до 8 дена од денот на фактурирање.
Обезбедување
· Рамковен кредит – лимит врз основа на заложно право;
· Меница од 500 денари, заверена од правното лице со пополнета менична изјава.
Потребни документи
· Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката;
· Остварен промет на жиро-сметка за последните 6 месеци;
· Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 години;
· Заклучен лист за тековната година.
Члeнарини
· Еднократна уписнина за Biznis Diners Club ко-брендинг картичка на ТТК Банка АД Скопје - 1.860 денари;
· Годишна членарина за Biznis Diners Club ко-брендинг картичка на ТТК Банка АД Скопје - 3.100 денари на 12 месечни рати;
· Годишна членарина за дополнителна картичка за Biznis Diners Club ко-брендинг картичка на ТТК Банка АД Скопје – 3.100 денари.
Каматна стапка
· Без камата доколку фактурираниот износ се плати во рокот на доспевање;
· Продажба на стоки и услуги на три рати со деловна DinersClub кобрендирана картичка, 1,5% камата на месечно ниво;
· За неплатен долг во рокот на доспевање - 20% годишно (законска казнена камата).
Тарифа за надоместоци - парични картички за правни лица
* Последна промена направена на интернет-страницата на 20.7.2017 година. |